(Видео) Екс директорот на „Фени“ доби втора кривична пријава од Финансиската полиција

Управата за финансика полиција поднесе втора кривична пријава против поранешниот директор на „Фени“, Јусуф Миракхмедов, поради основано сомение за злоупотреба на службена положба и овластување. Директорот на Управата, Арафат Муареми соопшти дека Миркахмедов направил отпис на незастарени побарувања на „Фени“ со што се сомничи дека ја оштетил фабриката за 51.505.526 американски долари.

„Пријавениот Ј.М. во својство на главен извршен директор на правниот субјект ‘Фени Индустри’ АД Кавадарци, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што донел Одлука за отпис на незастарени побарувања на ‘Фени Индустри’ АД Кавадрци која е со невистинита содржина, спрема правно лице со капитална поврзаност ‘Кунико маркетинг фзе’ од Обединето арапски емирати – Дубаи, со цел да овозможи противправна имотна корист за споменатото правно лице, со што предизвикал штета на Фени Индустри со вкупна вредност од 51.505.526 долари или 2.903.593.124,00 денари“, рече директорот Муареми.

Првата кривична пријава од Финасиската полиција против поранешниот директор беше поднесена минатиот месец. Инспекторите утврдија дека Миракхмедов незаконски отуѓувал залихи на фероникел и друга руда од фабриката врз кои банките имале заложно право.

Кривична пријава против Миракхмедов поднесе и БСГР малцинскиот партнер во сопствеништвото на „Фени“. Тој од ноември не е во Македонија, но неговите правни застапници соопштија дека престојува на позната адреса и дека е подготвен да се појави пред судовите кога ќе добие уредна покана.

Директорот Муреми рече дека истрагата во „Фени“ продолжува и не е исклучена можноста за поднесување нови кривични пријави.

 

(М.И.П.)

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари