Васко Ковачевски е назначен за директор на РЕК-Битола

Управниот одбор на АД ,,Електрани на Македонија” го назначи поранешниот пратеник на СДСМ, Васко Ковачевски за директор на РЕК-Битола.

Менаџментот на АД ЕЛЕМ смета дека Ковачевски, заедно со новиот раководен тим кој е поставен, ќе одговори на предизвиците со кои се соочува најголемиот комбинат за производство на електрична енергија во државата и дека неговото познавање на состојбите во РЕК-Битола ќе помогне во консолидирањето на овој значаен производствен капацитет, во насока на постигнување поголема стабилност и сигурност на електро-енергетскиот систем на Р.Македонија во периодот што следува.

                                                            

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари