ОД ВЧЕРА

УЈП со нов Контакт центар

Од вчера УЈП доби нов Контакт центар, со кои што треба да се олесни работата на даночните обврзници. Контакт центарот е лоциран во ГТЦ, а во неговото официјално пуштање учествуваше министерот за финансии Трајко Славевски и заменик амбасадорот на Турција во Македонија, Хидајек Бајракта.

Според Славевски, Контакт центар по ништо не се разликува од просторите на приватните компании, што претставува позитивна промена во пристапот кон даночните обврзници , бидејќи тие ќе добиваат лесен пристап до информации, а ќе ги олеснат и даночни процедури.
- Ќе ја подобри наплатата и доброволното исполнување на даночните обврски, а ќе ја намали потребата за директен контакт со вработените во УЈП и посета на канцелариите на УЈП - вели Славевски. Тој додава дека со неговото пуштање во употреба ќе се намалат и трошоците за комуникација. Славевски рече и дека во прибирањето на даноците за јануари и февруари 2009 година во споредба со истите месеци во 2008 година имаат мало потфрлање, но дека тоа било очекувано поради економската криза.

Инаку, во опремувањето на објектот учествувала владина организација Тика и координативното биро во Скопје на турската администрација за соработка и развој во Скопје.

Поврзани

Најнови вести

Коментари