Во Кичево

УЈП ги обучува граѓаните за плаќање данок од кирии

Управата за јавни приходи денеска во Кичево одржа обука за пријавување на приход од издавање под закуп на движен и недвижен имот.

Целта на обуката е да се информираат граѓаните сопственици на деловни простории, станови и друг имот за пријавувањето на овој вид приход и да се допринесе во намалувањето на сивата економија.

- Овој месец обуката трае еден ден, а можно е следниот период да има и други обуки. Крајниот рок за поднесување на овие пријави е 15 јануари 2017 година, изјави Гордана Аврамоска од Даночното одделение на УЈП во Кичево.

Сопствениците на станбен и деловен простор, гаражи, простории за одмор и рекреација и друг вид на имот должни се даночната пријава да ја пријават во рок од 15 дена од склучувањето на договорот. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари