УЈП ДО ДИЈАСПОРАТА: Брзи пари - мораш да пријавиш се што праќаш и примаш преку пасош!

Министерство за финансии предлага измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари. Со измените е предвидено давателите на услуга брз трансфер на пари и субагентите кои досега немаа обврска да доставуваат податоци за трансакциите до Управата за јавни приходи, тоа да го направат.

Давателите на услуга брз трансфер на пари ќе треба да доставуваат месечни извештаи за поединечните трансакции на трансфер на пари, покрај до Народната банка и до Управата за јавни приходи. На тој начин, УЈП ќе располага со податоци за добиени приходи на граѓаните преку услугата брз трансфер на пари.

„Управата за јавни приходи не располага со податоци за добиени приходи на граѓаните преку услугата брз трансфер на пари бидејќи давателите на услуга брз трансфер на пари и субагентите немаат обврска да доставуваат податоци за трансакциите на брз трансфер на пари до Управата за јавни приходи", пишува во образложението на предлог-законските измени, објавени на ЕНЕР.

Давателите на услуга брз трансфер на пари ќе треба да доставуваат месечни извештаи за поединечните трансакции на трансфер на пари, покрај до Народната банка и до Управата за јавни приходи. На тој начин, УЈП ќе располага со податоци за добиени приходи на граѓаните преку услугата брз трансфер на пари.

Граѓаните се револтирани, особено оние кои со години редовно плаќаат данои и го користат системот за брз трансфер на пари.

Како ви текнуваат вакви глупости? Еднаш сме платиле данок кога сме ги заработиле парите, потоа сме платиле за услугата, а трет пат сакате да ги оданочите тие што се веројатно најранливата категорија во македонското општество и чекаат на некоја пара да им се прати од странство, најчесто за да платат пак на државата сметки за струја, вода, комуналии. Браво шампињони!!!- напиша Маја Петрушевска, новинарка во ББЦ радио, која повеќе од 10 години живее и работи во Лондон.

Даночниците ги правдаат измените поради проектот „Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на персонален данок на доход за граѓаните". Примената на овој проект предвидува УЈП да изготвува пополнета даночна пријава за секој даночен обврзник, врз основа на податоците со кои располага за остварените приходи на даночните обврзници

Поврзани

Најнови вести

Коментари