Централна банка

Турската лира падна на нов историски минимум

Турската лира падна на нов историски минимум, што го засилува притисокот на турската централна банка да ги подигне каматните стапки.

Од почетокот на оваа година лирата изгуби 9 отсто од вредноста, што ја прави најголем губитник меѓу светските валути во новата година.

Лирата паѓа поради неподготвеноста на централната банка на Турција да ги подигне каматните стапки, загриженоста во поглед на можните напади на милитанстните групи, економското забавување и политичката неизвесност поради најавеното проширување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Поврзани

Најнови вести

Коментари