Тевдовски најави задолжување од 470 милиони евра за враќање стари долгови и крпење на буџетот

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, изјави дека во предлог-буџетот за 2018 година е предвидено задолжување на домашниот и странскиот пазар за сума од приближно 470 милиони евра. Со ние ќе се финасира буџетскиот дефицит и доспеаните обврски што ги направиле претходните влади. Тој  на промоцијата на неговата публикација „Патот напред – Колумни за економскиот раст и социјалната кохезија во Македонија“ на Економскиот факултет во Скопје, додаде дека пресудна за задолжување на странскиот пазар ќе биде каматната стапка.

„Не е исто да се излезе на странски пазар или со еврообврзница која ќе има три, четири и пет проценти или ќе има девет или 10. Ќе донесеме одлука за излегување на странски пазар само ако мислиме дека граѓаните ќе платат ниска цена“, изјави Тевдовски

Тевдовски вели дека за следната година е предвидена можност и за странско задолжување, бидејќи, како што кажа, каматните стапки на меѓународните пазари  се поволни, а очекувањата се дека ќе почне да се зголемуваат.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари