Светската банка прогнозира 2,8 проценти економски раст на Србија во 2017 година

Во соопштението, објавено на сајтот на Светската банка се предвидува економскиот раст на Србија во текот на 2018 и 2019 година да достигне 3,5 проценти

 Светската банка ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Србија за 2017 година на 2,8 проценти, што е за 0,5 проценти повеќе од прогнозата од јуни минатата година.

Во соопштението, објавено на сајтот на Светската банка се предвидува економскиот раст на Србија во текот на 2018 и 2019 година да достигне 3,5 проценти.

Банката прогнозира економски раст за Западен Балкан од 3,2 проценти во 2017 година, а за следните две години - раст од 3,6 и 3,7 отсто.

Поврзани

Најнови вести

Коментари