Со законски измени

Стечајците ќе можат да си ги добијат заостанатите плати и придонеси

Работниците чии компании отишле под стејчај, ќе можат да си ги добијат неисплатените плати и придонеси. Со измените во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стечајните управници веќе од овој месец ќе можат да им ги уплаќаат средствата и стажот на стечајците. Упатството како се поднесуваат пресметките е објавено на веб страната на УЈП, објави Сител.

- При стечајна постапка, кога стечајниот управник има наплатено одредени парични средства, сега има можност да поднесе делумна и на крај финална пресметка за плати на вработените лица, со тоа што на сите вработени во правниот субјект кој е во стечајна постапка ќе им биде исплатена нето платата , како и придонесите за пензиско и здравствено осигурување, изјави Анстасија Илиевска, директор на Управата за Јавни приходи.

Проблемите настануваа кога наплатените средства од стечајната маса не беа доволни за да се исплати цела бруто плата и постоеше потреба да се направи корекција на месечната пресметка поднесена од работодавачот пред отворање на стечајната постапка. Бидејќи стејачниот управник немаше овласување да го прави тоа, средствата од стечајната маса остануваа нераспределни и неуплатени , а вработените остануваа без плата, стаж и придонеси. Со најновите законски измени ќе се заштитат работничките права, каде вработените ќе бидат сигурни дека за сработеното ќе си ги добијат парите и придонесите и покрај тоа што врз компанијата е отворена стечајна постапка.

Поврзани

Најнови вести

Коментари