Потпишан договор

Соработка меѓу Кина и Саудиска Арабија во областа на енергетиката

Кина и Саудиска Арабија потпишаа договори вредни 65 милијарди долари, кои покриваат широк спектар на области од енергетиката до Вселената.

За време на едномесечната азиска турнеја, саудискиот крал Салман го посети и Пекинг, во рамки на обидите на официјален Ријад да ги промовира инвестициските можности на својата земја. - Претседателот на Кина Си Џинпинг и кралот Салман се стари пријатели.

Соработката меѓу Кина и Саудиска Арабија веќе донесе многу поволности и поседува голем потенцијал, изјави кинескиот заменик министер за надворешни работи Џанг Минг.

Поврзани

Најнови вести

Коментари