Популарна апликација

Снепчет го избра Лондон како ново седиште за својот меѓународен оддел

Популарната апликација Снепчет го избра Лондон како ново седиште за својот меѓународен оддел, со што се чини дека претставниците на компанијата не ги плаши Брегзитот.

Менаџерот на Снепчет, Клер Валоти вели дека веруваат во креативната индустрија на Велика Британија. Инаку, Снепчет има околу 10 милиони дневно активни корисници на британскиот пазар. За споредба, во светот има повеќе од 150 милиони, а половината се надвор од матичната САД.

Најнови вести

Коментари