Откако две банки го запленија имотот за неплатени долгови

Скопје остана без саем?!

Од крајот на минатиот месец нов сопственик на имотот на Скопски саем е бугарската фирма „Кардфинанс" ДООЕЛ, со седиште во Софија, која Скопски саем го прерименува во „Саем трговски центар".

Најстарата и една од најпосетените саемски манифестација што ја организира Скопски саем, ТЕХНОМА, годинава за прв пат намаесто во саемските хали, ќе се одржи на друга локација и со мало задоцнување во однос на претходно најавениот термин. Откако минатиот месец го изгуби имотот поради неплатени долгови кон НЛБ банка и Комрецијална банка, а тие пак го продадоа на бугарска фирма, комапнијата Скопски саем, коа е во сопственост на Слевенечка "Ера", како што дознаваме, продолжува да работи, но саемските манифестации ќе ги одржува на други локации.

Така, наместо на 21 овој месец, како што е предвидено со саемскиот календар ТЕХНОМА ќе се одрижи од 25 до 29 октомври во салата "Борис Трајковски". Како што дознаваме од извори во Скопски саем, вообичаените саеми нема да згаснат, туку исто така, ќе се одржуваат на други локации.

Последен во халите на Скопски саем беше Саемот на книгата што се одржа во април годинава. Од крајот на минатиот месец нов сопственик на имотот на Скопски саем е бугарската фирма „Кардфинанс" ДООЕЛ, со седиште во Софија, која Скопски саем го прерименува во „Саем трговски центар".

„Кардфинанс" ДООЕЛ, чиј управител е извесен Георги Кехајов, стана сопственик на имотот на Скопски саем купувајќи го од НЛБ и Комерцијална банка, кои пак, претходно го запленија поради неплатени долгови.

Како што е објавено, двете банки имотот на Скопски саем го продале за вкупно 16,2 милиона евра. Комерцијална банка АД Скопје имотот стекнат врз основа на ненаплатени побарувања од „Скопски саем" ДООЕЛ Скопје, „Саем инвест" ДОО Скопје и „Експо медиа" ДООЕЛ Скопје го продаде по цена од 9.720.000 евра, без даноци и давачки. НЛБ Банка АД Скопје, пак, склучила договор за продажба на имот стекнат врз основа на ненаплатени побарувања од „Скопски саем" и „Саем инвест" ДОО Скопје по цена од 6.480.000 евра, без даноци и давачки.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари