Норвежаните уште побогати

Секој жител има 185.000 долари од нафтен фонд

Норвешкиот нафтен фонд ја достигна границата од 1 билион долари. Растот на акциите на светските берзи и зајакнувањето на еврото ги зголемија неговите средства.

Tој е основан во 1998 година за да ја чува заработката од продажбата на нафта за идните генерации. Сега вреди 250% од норвешкиот БДП, додека проекциите порано покажуваа дека тој процент до 2020 година ќе биде 130%.

Практично секој жител на земјата, без разлика дали се работи за мажи, жени или деца, има по околу 185 000 американски долари.

За самиот фонд исто така е напишано: „Владиниот глобален пензиски фонд се чува за идните генерации. Еден ден нафтата ќе исчезне, но враќањето на фондот ќе биде продолжение на просперитетот за норвешките граѓани".

На веб-страницата на норвешкиот инвестициски фонд е напишано: „Работиме за да ја зачуваме и изградиме финансиската благосостојба за идните генерации".

Фондот, со кој управува еден организационен дел од норвешката централна банка, ги инвестира своите пари во странски акции, обврзници и недвижнини во 77 земји во светот.

Речиси две третини од неговите средства на крајот на вториот квартал ги сочинувале акции, кои претставуваат сопственички удели во околу 9.000 компании, по основ на кои контролира преку 1,3 проценти од сите акции листирани на берзите во светот.

Од другата страна, бројот на жители на Норвешка од 5,3 милиони луѓе сочинува помалку од 0,1 проценти од светската популација.

Поврзани

Најнови вести

Коментари