Заев-ММФ:

Се создаваат услови за oдржлив економски развој

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев нагласил дека се создаваат услови за економски напредок на државата.

 Премиерот Зоран Заев придружуван од дел од економскиот владин тим денеска оствари средба со шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Јесмин Рахман на која истакна дека Владата е ориентирана кон развој и финансиска стабилност на државата.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев нагласил дека се создаваат услови за економски напредок на државата.

- Создаваме услови за економски напредок и цениме дека е тој можен, низ поддршка на инвеститорите, посебно домашните претпријатија и отворање нови работни места. Но, мудро креираме одржливи политики, што ќе овозможат стабилност на Буџетот и фискална стабилност, нагласил премиерот Заев.

Тој посочил дека заложба на Владата е да го зголемува процентот на БДП, без да го зголемува дефицитот на државата. Новата Влада, како што истакнал, скратила милиони евра непродуктивни трошоци, а парите ги пренасочила кон проекти за капитални инвестиции.

- Нашата цел е финансиска стабилност на граѓаните и семејствата. Покрај политиките на поддршка на домашните претпријатија насочени сме кон градење пријателски односи со соседите, регионот и земјите членки на ЕУ и НАТО, од што веќе имаме првични резултати на заинтересираност на странски инвеститори за вложувања во Македонија. Политиките на Владата насочени кон стратешките цели на Република Македонија, евро-атлантските интеграции се дополнително охрабрување за домашните и странските инвеститори и оттаму со право веруваме дека економската клима во државата ќе даде видливи резултати, потенцирал Заев.

Оценка на состанокот е дека луѓето го чувствуваат транспаретното работење на Владата што ја релаксира атмосферата на економски план и отвора шанси и можности за развој, се наведува во соопштението од Владата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари