СДСМ: Владата ги намалува долговите што ги направи ВМРО-ДПМНЕ

Преку одговорното управување со парите на граѓаните, Владата ги намалува долговите што ги направи ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не постои поголемо и поштетно задолжување од она што ВМРО-ДПМНЕ им го правеше на граѓаните во изминатите 11 години кога парите од скапите, неконтролирани и тајни задолжувања се трошеа на луксуз, лажен барок и криминални тендери, се истакнува во соопштението.

Според нив, Владата предводена од СДСМ преку одговорни политики, ги рационализира трошоците, транспарентно управува со долгот, а парите ги насочува кон граѓаните. Само во првите два месеца, велат од СДСМ, од мандатот на новата Влада вратен е долгот кон Дојче Банка во висина од 77,3 милиони евра, а јавниот долг е намален за 31,4 милиони евра во однос на првиот квартал.

Поврзани

Најнови вести

Коментари