До 2022 година

САД ќе станат втор најголем извозник на течен природен гас во светот

САД се на пат до крајот на 2022 година да станат втор најголем извозник на течен природен гас (ЛНГ) во светот, по Австралија, а пред Катар.

Како што објави Меѓународната агенција за енергија (ИАЕ), светскиот извозен капацитет на ЛНГ до крајот на 2022 година, треба да достигне 650 милијарди кубни метри годишно, во споредба со помалку од 452 милијарди во 2016 година. - До крајот на периодот на кој се однесува, САД ќе бидат на добар пат да ги предизвикаат Австралија и Катар, во поглед на водството меѓу извозниците на течен природен гас, се наведува во извештајот ИАЕ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари