РТ: САД се на пат да се задолжат 30 трилиони долари за воени трошоци до 2028 година

Растечкиот американски долг најверојатно ќе се зголеми за уште 10 трилиони долари во следната деценија, според проценките содржани во неодамнешниот предлог за буџетот, објави „Раша тудеј“. Според Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, националниот долг ќе достигне 29,9 трилиони долари до 2028 година. Дефицитот ќе биде еднаков на 101 отсто од БДП на Америка, набљудувачката комисија за одговорен федерален буџет. Сегашниот долг на земјата изнесува рекордни 20,6 трилиони долари – највисоко ниво од кратко време по Втората светска војна.

Според новиот буџет, претседателот Доналд Трамп бара рекордни 686 милијарди долари за Пентагон – зголемување од 13 отсто во споредба со буџетот од 2017 година.

“Ние ќе ја имаме најсилната војска што некогаш сме ја имале”, рече Трамп, додавајќи дека “се грижевме за војската како што никогаш никој досега не се грижеше“ со сегашниот буџет.

Американскиот долг се зголемува независно од партиската политика. Според претходната администрација на демократскиот претседател Барак Обама, американскиот дефицит речиси двојно се зголеми, зголемувајќи се за oд околу 9 трилиони долари до нешто помалку од 20 трилиони долари, според веб-страницата USdebtclock.org.

Минатата недела Мудис предупреди дека би можел да ги намали рејтинзите на САД поради “значајното фискално влошување”. S & P ги намали рејтинзите на САД, претходно во август 2011 година.

Во јануари, една од најголемите компании за рејтинг во Кина, Dagong Global Credit Rating, го намали американскиот суверен рејтинг од А на БББ +, ставајќи ја американската економија на исто ниво со Перу, Колумбија и Туркменистан.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари