За даночни цели

Регионална работилница на УЈП за воспоставување ИТ форензичка лабораторија

Во организација на Управата за јавни приходи во Скопје се одржува тридневна работилница на тема „Воспоставување на ИТ форензичка лабораторија за даночни цели".

Работилницата, која се одржува од 23-ти до 25-и овој месец се организира во соработка со Интра-европската организација на даночните администрации (ИОТА), во рамки на Годишната програма на оваа меѓународна организација.

На работилницата учествуваат претставници на даночни управи од 10 земји членки на ИОТА организацијата со 34 учесници, а свои стручни предавања оддржуваат висококфалификувани лица во делот на форензиката.

Управата за јавни приходи петти пат по ред е земја домаќин на работилници што се реализираат во соработка со ИОТА организацијата, каде што од 1997 година е полноправна членка.

Поврзани

Најнови вести

Коментари