Истат

Раст на италијанското индустриско производство

Италијанското индустриско производство забрза во јуни 2017 година, најавувајќи можен поголем стопански раст од очекуваниот.

Индустриското производство е зголемено во јуни за 1,1 отсто во однос на мај, кога е забележан раст од 0,7 проценти, соопшти националната агенција за статистика Истат. На годишно ниво, индустриското производство во јуни скокнало за 5,3 отсто.

Поврзани

Најнови вести

Коментари