Проста математика

Пупе Компани можит да ги возит сите пратеници од Охрид до Скопје за 4.000 денари

Секој еден пратеник од Охрид наплатува патни трошоци како секој да се вози сам во комбе со повеќе од 20 седишта.

Охрид 1 ги провери цените за транспорт со организиран превоз од Охрид до Скопје и дојде до фрапантни одатоци кои укажуваат дека секој пратеник кој од Охрид патува до Скопје, дневно наплатува пари како да се вози со комбе во кое може да седнат дури 24 лица.

Според ценовниците кои до Охрид 1 ги доставиле транспортните компании од Охрид, организираниот превоз од Охрид до Скопје чини од 4.000 денари со автомобил, до 8.000 денари со комбе кое може да превезе дури 24 лица.

Ценовникот кој го достави компанијата ПУПЕ КОМПАНИ го покажува следното:

4.000 денари ако патуваат со автомобил

Државата би трошела 4.000 денари на ден, доколку пратениците од Охрид патуваат со еден автомобил и би ги возел шофер.

6.800 денари за комбе кое собира до 16 патници

Доколку пратениците патуваат до Скопје со комбе кое собира до 16 патници, државата би плаќала 6 800 денари дневно. Ова е далеку поекономична опција за државата, бидејќи во овој случај со комбето би патувале и пратениците од Струга и Вевчани, а веројатно комбето би можело да ги превезе и пратениците од Кичево.

10.000 денари за комбе кое собира над 20 патници

Оваа опција е најевтина бидејќи го решава проблемот со патните трошоци за сите пратеници кои патуваат до Скопје од сите општини кои гравитираат на патниот правец од Охрид преку Кичево до Гостивар и Тетово бидејќи комбето ќе може да ги превези сите пратеници кои ќе ги земе низ градовите кои се на овој патен правец.


Пратениците од Охрид, Томислав Тунтев, Жаклина Лазареска, Сашо Василески и Љубен Арнаудов според формулата од државата за секој работен ден наплатуваат по околу 8.000 денари за патни трошоци.

Претходно Томислав Тунтев и Жаклина Лазареска беа најголеми критичари на пратеничката Силвана Бонева која беше рекордер во наплата на патни трошоци, а сега тие земаат месечно поголеми суми од тоа што земала таа и упорно во јавноста со разни изговори тврдат дека тие не ги сакале тие пари, но морале да ги земат.

Преземено од: Охрид1

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари