Во февруари

Просечната нето плата во Хрватска 790,6 евра

Просечната нето плата во Хрватска исплатена во февруари годинава изнесувала 5.894 куни, односно 790,6 евра.

 

Тоа е номинално за 0,02 отсто помалку отколку во јануари, покажуваат денешните први податоци на Државниот завод за статистика.

Меѓутоа, во однос на февруари лани, просечната нето плата за февруари годинава била номинално повисока за 4,3 проценти, или за 242 куни, извести агенцијата Хина. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари