Промените на Фејсбук скапо го чинеа Цукерберг – изгуби 3 милиони долари

Цената на акциите на компанијата Фејсбук падна за 4,5%, откако основачот на социјалната мрежа, Марк Цукерберг најави воведување на големи промени во начинот на прикажување вести. Со тоа според светските агенции, 33 -годишниот Цукерберг кој поседува 14% од акциите на компанијата, загубил 3,3 милијарди долари само за едно деноноќие.

„Фејсбук“ најави промени во начинот на функционирање на своите вести правејќи ги помалку истакнати натписите од бизниси, брендови и медиуми. Наместо тоа, ќе се истакне содржината што ги поттикнува разговорите меѓу семејството и пријателите, кои ја користат страницата, објасни главниот извршен директор Марк Цукерберг на неговата страница.

Промените ќе стапат на сила во текот на следните недели.

„Добивме повратна информација од нашата заедница дека јавните содржини – мислења од бизниси, брендови и медиуми – ги пропуштаат личните моменти, што нè водат кон поголемо поврзување едни со други”, напиша Цукерберг.

 

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари