Финасиско работење

Приходите на „Конзум" година ќе бидат помали до 270 милиони евра

Тодориќ забележува дека приходите на „Конзум" оваа година ќе бидат помали за 1,7 до две милијарди куни

Во своето второ соопштение насловено „Како изгледа чистилиштето на претседателот на Владата", основачот на „Агрокор", Ивица Тодориќ се изјасни за своите проценки за големиот пад на приходите на неколку компании на концернот, тврдејќи дека таа проценка докажува како воведувањето на вонредна управа придонело за неверојатна штета на групата.

Тодориќ забележува дека приходите на „Конзум" оваа година ќе бидат помали за 1,7 до две милијарди куни (230 до 270 милиони евра), на „Агрокор" и „Конзум Сараево" за 700 милиони куни (93 милиони евра), на „Велрпо" за 700 до 900 милиони куни (93 до 120 милиони евра), а на „Тисак" за околу 500 милиони куни (67 милиони евра).

Поврзани

Најнови вести

Коментари