Предлог-буџетот се враќа во Влада

Амандманската расправа на Комисијата за финансирање и буџет заврши денеска, по што предлог-буџетот повторно се враќа во Влада.

Откако ќе биде разгледан, предлогот ќе биде ставен на дневен ред на пленарна седница во Собранието.

Комисијата усвои шест од вкупно 279 амадмани. Комисијата неколку пати беше одложувана, а истата се одржуваше без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари