Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините поскапуваат за 2,5 односно за 3 денари по литар, а дизелот ќе биде поскап за 2 денари за еден литар, со одлука на Регулаторната комисија за енергетика

ЕУРОСУПЕР БС95 поскапува за 2,5 денари за литар и ќе се точи по 66,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС 98 поскапува за 3 денари за еден литар и ќе се точи за 68,5 денари.

Дизелот станува поскап за 2 денари и еден литар од полноќ ќе се точи за 54 денари.

Како причина за зголемување на продажните цени на нафтените деривати од РКЕ ја посочуваат промената на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар, во изминатите 14 дена.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари