Раст на цените на јајцата

Поради птичји грип во Кореја мора да се уништат 17 отсто кокошки и 28 отсто патки

Баукот од птичјиот грип се надви над Кореја. Вирусот Х5Н6 речиси го десеткуваше јужнокорејскиот живински фонд, а цените на јајцата скокнаа и до 50 отсто.

Во Кореја мораа да бидат уништени 17 отсто кокошки и 28 отсто патки заради спречување на пандемијата, што е околу 31 милион птици. Со намалување на бројот на живина и бројот на јајцата на пазарот имаше голем пад. Поради недостигот астрономски се зголеми и цената на пакувањето од 10 јајца.

Поврзани

Најнови вести

Коментари