Погледнете како се трошел буџетот во Тетово

За договорни услуги, спцифична буџетска ставка, општина Тетово само за шест месеци потрошила 600 000 евра, додека за исплата на плати нешто повеќе од 700 000 евра.

Се трошеле пари и за патни и дневни трошоци. На приходната страна, од планираните пари по основ на данок на имот, за половина година се собрале 27,7%, пишува новата економска анализа на Portalb.mk. Во првото економско полугодие општина Тетово од основен Буџет потрошила скоро 30 000 евра повеќе отколку што собрала по основ на приходи во истиот анализиран период во основен Буџет.

За што се трошеле парите ...

Општина Тетово планирала Буџет од 17,1 милион евра, реализацијата заклучно со првото економско полугодие изнесува 2,8 милиони евра или само 16,3 отсто од планираното. Според официјалните податоци од извештајот Извршување на буџети на Единиците за локална самоуправа, што го објавува Министерството за финансии, најголем дел од парите од основниот Буџет завршиле за плати или заклучно со јуни, за основни плати биле потрошени 744 100 евра што претставува реализација од 42,7% во однос на планираното. За придонеси за социјално осигурување се потрошиле 270 757 евра и кај оваа ставка во однос на планираното има оставрување од 39,3%.

Општина Тетово од основиот Буџет само за патни и дневни раходи планирала да потроши скоро 67 000 евра, реализацијата изнесувала 5 500 евра. Од ставката самофинансирачки активности, или од парите што се обезбедени од активности на самата општина, за патни и дневни трошци прикажан е расход од 400 евра додека од дотации за оваа намена се потрошени 1 500 евра а од донации за патни и дневни расходи се потрошени 8 353 евра.

Ставка преку која се одлеваат позначајни суми на пари е онаа за договорни услуги. Така, за договорни услуги, за шест месеци општина Тетово исплатила скоро 600 000 евра од основен Буџет, додека од самофинансирачки активности за оваа намена се потрошиле 64 000 евра. Од парите стасани во општинската каса преку дотации, за договорни услуги биле потрошени половина милион евра.

„Се работи за специфична ставка која и на централно ниво изнесуваше стотици милиони евра. Сега со новите законски интревенции и општините мора да бидат обврзани на зголемена транспарентност, односно исто како и Министерството за финансии и тие да објавуваат детални и редовни финансиски извештаи кои ќе нудат информации и за приходите и за трошењата на општините" – коментираат експерти што ги консултираше Порталб.

Од достапните податоци за раходите на општина Тетово, за првото полугодие, може да се види дека за комуналии, греење, комункицаии но транспорт, општината од основен Буџет потрошила 300 000 евра или 29% од планот. Од дотациите пак за оваа намена се потрошиле 316 000 евра а нешто повеќе од 20 000 се одлеле од самофинансирачките активности.

Општината од основен Буџет планира да се поднови со возила, мебел, опрема, машини и времени вработувања, но тоа, според достапните податоци од основен Буџет засега не е реализирано. Единствено од самофинансирачки активности, општината потрошила 5 200 евра за мебел додека за купување на опрема и машини се одлеале 2 300 евра.

За изградба на градежни објекти, според планот од основен Буџет треба да се потрошат 8,4 милиони евра а во првата половина од годината се потрошиле скоро 640 000 евра. Преку ставката "разни трансфери", без да се наведе што точно опфаќа таа, за половина година се потрошени 65 000 евра.

Приливи во општинската каса ...

На приходната страна од планираниот основен Буџет од 17,1 милион евра, собрани се скоро 2,8 милиони евра или 16,3% од вкупниот основен Буџет. На приходната страна, на годишно ниво, општината само од данок на имот планирала приход вредност од 2,7 милиони евра а за шест месеци собрала 750 000 евра или за тој период по основ на овој данок во основниот Буџет се инкасирале 27,7%.

На полугодишно ниво нешто подобри се податоците за приходи од данок на доход, добивка и капитални добивки – планирани се приходи од 168 000 евра а собрани се 45,8% од парите, или нешто повеќе од 77 000 евра. Од такси и надоместоци, преку самофинансирачки активности, се оствариле приходи од 237 000 евра.Од глоби, судски и административни такси за шест месеци се собрани 61 300 евра

Зошто е потребна транспрентност?

На финалето од изборната трка пред првиот круг, невладината Еко герила успеа на маса да ги седне кандидатите за градоначалници на Тетово за да го потпишат документот „пет заложби за тетовци " во кој се бара од следниот шеф на општина Тетово да им гарантира на граѓаните дека следната општинската администрација ќе се вклучи за целосна фискална транспарентност (редовно објавување на финансиските извештаи, буџет за управување со јавен долг), ќе организира одржување и редовно чистење на улиците и населбите во Тетово, најмалку еднаш месечно, ќе организира јавен превоз со автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди, одржување и заштита на зелените површини, но исто така, ќе создаде и нови, ќе ги зголеми овластувањата и моќта на општинскиот еколошки инспекторат и транспарентност во казнувањето на загадувачите од Б категорија, и да се почне со постапката за пренамената на касарната во Тетово во градскиот парк.

Општина Тетово, според последната проценка на население брои 91 571 жители и се смета за стратешка во севрозападниот дел од Македонија. Градот стана познат и во светски рамки, како еден од најзагдените. Тоа беше и повод да се „разбудат" тетовци и се погласно да бараат од општинската власт да не биде само нем набљудувач на состојбата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари