Две недели по ред

Паѓа цената на нафтата

Цената на нафтата паѓа, две недели по ред, по проценката на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) за побарувачка на „црното злато" од страна на Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК).

ИЕА ја намали проценката за побарувачка за нафта од ОПЕК за оваа и за следната гоина за 400 илјади барели дневно.

Цената во Њујорк падна за 0,3 отсто.

Американската лесна нафта WTI за септемвриската испорака поевтини 14 центи на 48,45 долари за барел на берзата во Њујорк.

Северноморската нафта „брент" за достава во октомври поевтини 11 центи на 51,79 долари за барел на лондонската берза.

Цената на „брент" во четвртокот падна за 80 центри или 1,5 отсто на 51,9 долари, а оваа недела се намали за 1,2 отсто.

Поврзани

Најнови вести

Коментари