Од 1-ви мај

Олеснување за патување во Канада

Од 1-ви мај олеснување на правилата за патување на Канада за сите кои поседуваат пасош од Европската Унија.

Имено сите кои поседуваат ЕУ пасош ќе можат да патуваат во Канада со помош на барање за електронска дозвола за патување, наместо да го прават тоа како до сега – преку добивање на виза. 

Од амбасадата велат дека поднесувањето на ова бараење е поедноставен, поевтин (чини само 7 канадски долари) и што е најважно најбрз начин за влез во Канада бидејќи за него се потребни само неколку минути. Оваа дозвола важи пет години и со неа може да се патува во Канада кога сакате, но секако, можноста за престој е определена само на краток рок – до 6 месеци.

Како што известуваат од амбасадата, овие дозволи ќе се издаваат за навистина краток период и ќе се изадаваат на сите кои ги исполнуваат бараните услови.

Поврзани

Најнови вести

Коментари