Одложено рочиштето за стечајот на Фени

Денешното рочиште за стечајот на Фени Индустри АД – во стечај,  е одложено бидејќи не се исполнети законските претпоставки за одржување на Испитно рочиште и Извештајно собрание, соопшти стечајниот управник Мирослав Анастасиевски.

„Списите на предметот се пред Апелациониот суд во Скопје, по вложена жалба против Решението за отворање на стечајна постапка над стечајниот должник“ изјави Анастасиевски.

Стечајната постапка, како што вели стечајниот управник, тече согласно законската процедура, Одборот на доверители е формиран и редовно се одржуваат седници.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари