Банките се огласија

Одлагањето на стечајот за Фени е на штета на вработените

Банките кредитори на Фени, денешното барање за изземање на судот го сметаат за неосновано, како и за уште еден обид на, како што велат, сопствениците и нивните новоназначени претставници за оддолговлекување на постапката за реорганизација и премин на Фени кон нормално функционирање и целосно работно ангажирање на вработените во „Фени Индустри".

„Одлагањето најмногу оди на штета на вработените и убедени сме дека сега и вработените и нивните синдикални претставници сфаќаат кој има намера да ја опструира и одолговлекува постапката. Со ова се генерираат дополнителни трошоци и се опструираат намерите на банките да се овозможи реорганизирање на„ Фени Индустри“ во најкус можен рок. И покрај ветувањата, до денес не е доставена нова понуда од „Енекод“ и неосновано е побарано изземање на судот, со што намерно се оддолговлекува постапката. Евидентно е дека денешното одлагање е нивен обид за купување време, од за нас непознати причини, што штетно ќе се одрази најмногу по вработените, комбинатот, кредиторите и сериозните инвеститори.

 
Очекуваме итно и брзо одлучување на правосудните органи имајќи го во предвид значењето на комбинатот за македонското стопанство“, велат банките кредитори по повод одложувањето на стечајната постапка за „Фени Индустри“

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари