Проект

Обука за 40 лица во рамки на проектот на МАСИТ за „Преквалификација на кадри"

Вкупно 40 кандидати денеска почнуваат со обуката во рамки на проектот на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ за „Преквалификација на кадри", во соработка со УСАИД/РЕГ проектот

Станува збор за започнување на втора - едукативна фаза од проектот во соработка со Сивус едукативен и развоен центар.

- По спроведеното истражување меѓу компаниите членки на МАСИТ е констатиран дефицит на кадри во ИКТ секторот, од профилите за програмирање. Како резултат на ова започна проектот за „Преквалификација на кадри" каде целта е млади луѓе до 35 години, без претходно ИТ предзнаење да се преквалификуваат и да започнат кариера во ИКТ светот. Во согласност со потребите на компаниите се организираат обуки за профилите НЕТ и Фронт Енд Девелопер програмери, информираат од МАСИТ.

Обуката која денеска ја започнуваат 40-те кандидати планирано е да трае до септември, а потоа ќе следи пракса во некоја од ИТ компаниите членки на МАСИТ.

Крајната цел на проектот, по посета на програмата е лицата да се вработат во ИКТ компании на јуниор програмерски позиции или други позиции поврзани со ИКТ сферата. Програмата за преквалификација ќе трае околу пет месеци.

Поврзани

Најнови вести

Коментари