Инвестиција во автомобилската индустрија вредна 6 милиони евра

Нова турска инвестиција во Македонија и можност за 200 вработувања

Турската компанија од автомобилската индустрија „Чагатај кабло" за месец и половина ќе почне со изградба на капацитет во Македонија, инвестиција вредна 6 милиони евра со која ќе се овозможи директно вработување на 200 лица, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

- Договорот за инвестицијата се потпиша вчера, а градбата ќе почне во јули и ќе се протега на 6.700 метри квадратни. Компанијата ќе инвестира 6 милиони евра и ќе овозможи вработување на 200 луѓе во првата фаза, а размислуваат и за втора фаза. Истата компанија во Турција има фабрика која се протега на 14.000 метри квадратни, рече Груевски по денешната обколка на пречистителната станица во Волково, општина Ѓорче Петров.

Компанијата, додаде, ќе призведува кабли и други електрични инсталации за автомобили, автобуси, возила во градежниот сектор и други возила и механизација.

- Најголем добавувач ќе им биде компанијата Ванхол која ја привлековме од Белгија да инвестира во Македонија, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека Ванхол е магнет за привлекување и на други странски компании во земјава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари