Осло

Норвешкиот суверен фонд, најголем во светот, достигна вредност од 1.000 милијарди долари

Растот на акциите на светските берзи и јакнењето на еврото го зголемија нивниот имот. Фондот е основан во 1998 година со цел приходите од нафтата и гасот да се штедат за идните генерации.

Норвешкиот суверен фонд, кој е најголем во светот, првпат достигна вредност од 1.000 милијарди долари.

Растот на акциите на светските берзи и јакнењето на еврото го зголемија нивниот имот. Фондот е основан во 1998 година со цел приходите од нафтата и гасот да се штедат за идните генерации.

Суверениот фонд сега вреди колку 2,5 годишни БДП на Норвешка, додека прво било предвидено дека до 2020 година ќе достигне вредност на 133 отсто од годишниот БДП на земјата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари