Николовски од БиХ: За унапредување на земјоделството, важна е размената на искуства меѓу земјите од ЈИЕ

Во рамки на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа (ЈИЕ), кој се одржа во Јахорина, Босна и Херцеговина, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски,
оствари средби со делегациите на сите присутни држави, на кои тема на разговор беше затворање на сите отворени прашања, подобрување на регионалната соработка и зголемување на трговската размена.

„Приспособувањето кон соодветната легислатива, воведувањето на соодветни политики и зајакнувањето на институциите согласно стандардите на земјоделската политика на Европската Унија е обврска од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, но и одличен проверен шаблон за успешни реформи за постигнување на националните развојни цели, но и заедничка цел на сите земји во регионот. Зголемувањето на конкурентноста на македонското земјоделско производство и прехранбената индустрија, развојот на руралните средини и одржливото управување со природните ресурси се главните стратегиски цели на македонската земјоделска политика согласно тековната Националната стратегија за земјоделството и рурален развој. Во процесот на унапредување на земјоделството важна е размената на искуства меѓу земјите од ЈИЕ, а тоа е овозможено преку постојаната работна група за регионален рурален развој на земјите од ЈИЕ- SWG“, изјави министерот Николовски додавајќи дека Република Македонија ќе ја продолжи досегашната пракса да биде конструктувен партнер во сите заеднички идни проекти, како дел од платформата за соработка со земјите од ЈИЕ.

Министрите од ЈИЕ, на состанокот заклучија, дека ќе работат на интензивирање на регионалната соработка и трговската размена, преку почести разговори и средби, бидејќи сите имаат иста цел, влез во Европската унија.
По овогодинешнато претседавање на Босна и Херцеговина со овој работен состанок, следната 2018 година, Република Македонија ќе ја има честа да биде домаќин на работниот состанок со министрите од Југоисточна Европа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари