До 2025.

Меркел очекува невработеноста да падне под 3%

Германската канцеларка, Ангела Меркел влегува во последната фаза од кампањата со економски раст и просперитет кој го достигна Владата додека таа беше на чело.

Во Дортмунд таа изјави дека невработеноста значително се намалила откако таа е канцеларка.

Таа се надева дека во 2025 година невработеноста ќе падне под 3%.

12,6% изнесуваше невработеноста во 2005 година, а најновата проценка покажува дека е 5.6%.

Меркел вели дека Владата и индустријата не смеат да бидат самозадоволни, и дека технологијата го менува начинот на кој функционира економијата.

Парламентарните избори се распишани за септември.

Најнови вести

Коментари