МЕПСО демантира

Демант на изјава објавена на http://vecer.mk/makedonija/da-ne-se-lazheme-evn-ne-si-ja-vrshi-svojata-r...

МЕПСО во целост ја отфрла како невистинита изјавата и произволни и неточни пишувањата во кои се наведува дека вчера имало прекин во снабдувањето со електрична енергија во и од трансформаторската станица 400/110 kV „Скопје 4".

На преносната мрежа на МЕПСО во целиот скопски регион вклучително и ТС „Скопје 4" немало никакви прекини ниту била предизвикана безнапонска состојба во ниту еден момент. Сите елементи во мрежата се целосно функционални и сите потрошувачи на преносната мрежа се снабдувани редовно и навремено со квалитетна електрична енергија без ниту еден прекин. Доколку постоеле прекини во снабдувањето одговорите треба да се побараат кај Оператотор на дистрибутивниот систем.

Поврзани

Најнови вести

Коментари