Македонците тешко се одлучуваат за станбен кредит

И понатаму потрпшувачките кредите се најактуелни кај македонските граѓани.

И покрај широката понуда на станбени кредити кај повеќето банки во земјава, граѓаните тешко се одлучуваат да подигнат станбен кредит.

Тие велат дека причина за тоа е тешката финансиска состојба на едно просечни македонско семејство.

Условите кои банките ги бараат од кредитобарателите се различни, но во суштина тие треба да имаат редовни месечни примања.

Висината на кредитите ја одредува месечната рата, а доколку барателот на кредит учествува со одреден влог при подигањето на кредитот, каматната стапка се намалува.

Од банките информираат дека за разлика од порано, во моментов интересот за станбените кредити се зголемува, но сепак е мал, а тоа како што велат се должи на подобрените услови за подигнување на кредит.

Поврзани

Најнови вести

Коментари