СПОРЕД ШВАЈЦАРСКИ ВЕСНИЦИ

Македонците масовно на работа во Швајцарија

"Блик", втор весник според тираж во Швајцарија, во текстот насловен "Македонците доаѓаат" наведува дека 150.000 македонски државјани отпатувале кон земјите-членки на Шенген-зоната, меѓу кои е и Швајцарија, откако е укината визната бариера. Според "Баслер цајтунг", две третини од Македоците, кои веќе ја напуштиле земјата, не планираат да се вратат

Десетици илјади Македонци по укинувањето на визниот режим и го свртеа грбот на татковината со цел да побегнат од сиромаштијата кон земјите од Западна Европа, пишуваат швајцарските весници, а пренесува еРепортер. Со укинувањето на визниот режим во Македонија е предизвикана минимиграција, пишува регионалниот весник "Баслер цајтунг" истакнувајќи дека падот на визите е особено поволен за албанското население од западниот дел на Македонија, од каде што дневно и по пет автобуси заминуваат кон Западна Европа.

"Блик", втор весник според тираж во Швајцарија, во текстот насловен "Македонците доаѓаат" наведува дека 150.000 македонски државјани отпатувале кон земјите-членки на Шенген-зоната, меѓу кои е и Швајцарија, откако е укината визната бариера.
Според "Баслер цајтунг", две третини од Македоците, кои веќе ја напуштиле земјата, не планираат да се вратат.
- Многу луѓе ја напуштаат татковината, бидејќи таму немаат никаква перспектива - вели за весникот Џани Д'Амато, експерт за миграција при Универзитетот во Ноенбург. Според него кревањето на визната бариера на некои млади луѓе прв пат и им даде можност да отпатуваат за Западна Европа.

Најатрактивни држави, како што пренесува еРепортер, за граѓаните од Западен Балкан се Белгија, Германија, скандинавските земји и Швајцарија.

Падот на визите овозможува 90-дневен туристички претстој во 28 земји на Шенген-зоната, при што не е дозволена работа, за што е потребна посебна дозвола. Швајцарските медиуми наведуваат дека дел од новите имигранти од Балканот набргу по своето доаѓање бараат работа. Појавата е особено присутна кај младите, кои се обидуваат да го продолжат претстојот од 90 дена. Ова е проблематично за малите швајрацски кантони, кои веќе се жалат на негативните последици. Михаел Шнајдер, одговорен за миграција во кантонот Гларус, наведува два случаи на млади жени кои дошле на гости, а работеле како дадилки, односно куќни помошнички.

Поврзани

Најнови вести

Коментари