„Луфтханза“ повторно е најголем авиопревозник во Европа

Германската групација „Луфтханза“ повторно ја презеде титулата најголем авиопревозник во Европа по бројот на превезени патници минатата година.

Компанијата го симна од престолот „Рајанер“ кој поради проблеми со распоредите на пилотите беше принуден да откаже илјадници летови. „Луфтханза“ објави дека лани превезла вкупно 130 милиони патници, додека „Рајанер“ 129 милиони и со тоа ја изгуби титулата.

Германската компанија бележи раст откако на крајот на 2016 година ја презеде „Бриселс ерлајнс“. „Луфтханза“ веќе ја освои титулата на најголем европски превозник во категоријата поминати километри, односно приходи по патнички километри, со оглед дека во текот на летото лета и на поблиски и на подалечни дестинации, додека „Рајанер“ лета само на поблиски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари