Пазарот на капитал и понатаму без странски инвестиции

Летен промет на Берзата во јули од 6,4 милиони евра

Пазарот на капитал во седмиот месец од годинава со мало опаѓање на прометот од 4,13 милиони евра. Во јули на берзата котираат 107 компании, а меѓу нив има успешни компании и тоа: градежни фирми, банки, фармацевтски компании, винарии, прехранбени, транспортни и оние што се занимаваат со туризам...

Македонскиот пазар на капитал летово со стандраден месечен промет кој се движи од околу 6,5 милиони евра, конкретно во јуни достигна 6,7 милиони евра, а во јули 6,4 милиони евра што е за 4,13 % помалку.

Доколку се анализираат последните три месеци и се вклучи и мај со промет од пет милиони евра, тогаш може да се каже дека и покрај тоа што компаниите кои котираат на македонскиот пазар на капитал покажуваат солидни позитивни финансиски резултати сепак странскиот капитал го нема доволно.

Во јули на берзата котираат 107 компании, а меѓу нив има успешни компании и тоа: градежни фирми, банки, фармацевтски компании, винарии, прехранбени, транспортни, и они што се занимаваат со туризам...

Бројките покажуваат дека во јули најголем дел од прометот е реализиран во класичното тргување и во блок-трансакциите.

Според месечниот статистички билтен објавен на официјалниот сајт на Македонската берза за хартии од вредност акциите на најголемата фармацевтска компанија Алколоид, НЛБ банка, Комерцијална банка и Македонијатурист се најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на берзата.

Анализите велат дека просечната цена на една акција на Алкалоид во седмиот месец изнесува 6.258,41.

Како што информираа од компанијата, Алкалоид остварил позитивни финансиски резултати во периодот јануари-јуни годинава, за што покажува неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Исто така во првите шест месеци од 2017 година во фармацевската фирма се реализирани 54 нови вработувања

Според единечниот Биланс на успех, соопштија од компанијата, во периодот јануари - јуни, продажбите достигнуваат 3.507.290.746 денари, што е за 8 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 649.689.157 денари, бележи зголемување од околу 11 отсто, единечната нето-добивка изнесува 374.886.745 денари и истата е зголемена за 9 отсто.

Во периодот од јануари до јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.554.009.259 денари, што е за 9 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Меѓу компаниите кои за првите шест месеци реализираа добивка се најде и ГТЦ со добивка од 1,8 милиони денари, како и Дебарска бања Цапа со 6,2 милиони денари добивка. Но има и компании кои не можат да се пофалат со добри резултати како што се Метропол со загуба од 2,1 милион денари и велешки Благој Горев со загуба од 8,3 милиони денари.

Берзанскиот индекс МБИ 10 во јули се искачи на 2.501,16 индексни поени што е раст од 9,59 проценти во однос на јуни. Индексот ОМБ забележа намалување од 0,08 поени и достигна 129,83 поени.

Што се однесува за учеството на странските инвеститори на македонскиот пазар на капитал и кај купувањето и кај продажбата на хартиите од вредност е незначително и се движи околу 2,7%. Главни инвеститори на македонската берзата и понатаму се домашните купувачи и продавачи на акции.

Пазарната капитализација заклучно со 31 јули достигнала 138.257.062.354 денари или 9,48 повеќе во однос на јуни.

(В.Ма.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари