40% од просечната месечна нето плата по работник во РМ

Знаете ли колку ќе биде К-15 годинава?

Износот на К-15 се одредува во висина од најмалку 40% од просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци. За минатата година, тој износ беше најмалку 8.909 денари, а најмногу до 13.116 денари – 40% од просечна бруто плата објавена во тековниот месец 32.789 денари.

Регресот за годишен одмор, познат како К-15, и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од стопанството. Фирмите кои што не го исплатиле треба тоа да го направат најдоцна до крајот на декември, а во случај да не го исплатат, предвидени се затворски и парични казни за работодавците.

Право на регрес имаат сите работници кои работеле кај истиот работодавач најмалку шест месеци во календарската година.

Износот на К-15 се одредува во висина од најмалку 40% од просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци. За минатата година, тој износ беше најмалку 8.909 денари, а најмногу до 13.116 денари – 40% од просечна бруто плата објавена во тековниот месец 32.789 денари.

Имајќи го предвид зголемувањето на минималната плата од 10.080 на 12.000 денари и значајниот раст на просечната бруто и нето плата по вработен во Македонија, се очекува дека работниците на крајот од годината ќе добијат поголем износ во однос на оној минатиот декември.

Доколку направиме груба пресметка врз основа на последните податоци за износот на просечната нето/бруто плата во Македонија кои ги објави ДЗС во август, може да се констатира дека к-15 би изнесувало минимум до 9.123 денари – 40% од износот на просечната нето плата по вработен 22.808 (јуни), односно максимум до 13.403 денари – 40% од износот на просечната бруто плата по вработен 33.509 (јуни).

Сепак, за конечниот износ на К-15 ќе треба да почекаме до месец декември.

Поврзани

Најнови вести

Коментари