Колапс на најголемата британска градежна компанија

Колапс на градежната компанија „Карилион“ ја доведе Велика Британија до работ на колапс на јавните служби и до вонредна состојба, пренесуваат британските медиуми. До вчера најсилната британска градежна компанија која вработува 20 илјади луѓе во земјата и уште толку надвор од земјата, е ликвидирана поради долг од преку една милијарда и половина фунти.

Додека владата се обидува да најде решение, опозицијата повикува на јавна истрага, а граѓаните ги чувствуваат последиците од приватизацијата без вистинска контрола, пренесува БиБиСи.

Компанијата гради фудбалски стадиони, патишта, брзи пруги. Одржува педесет илјади воени станови, педесет затвори и над десет илјади болнички кревети. Нема одговор на прашањето кој ќе ги исплати долговите на адресата на дури 30 илјади мали и средни претпријатија, со кои „Карилион“ соработуваше.

Случајот со Карилион“ се заканува да предизвика домино ефект, со што Британија покрај Брегзит, во наредните месеци мора да се носи со прашањето – дали и како државата може да го контролира квалитетот на приватизацијата и кој ќе го плати исходот од неуспехот, анализира БиБиСи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари