КХВ

„Капитал банка“ издава прва корпоративна обврзница

Комисијата за хартии од вредност и даде одобрение на „Капитал банка" АД Скопје да издаде корпоративна обврзница за познати купувачи.

Станува збор за прва емисија на 1000 обврзници со поединечна номинална вредност од 1000 евра и со вкупна вредност од 1.000.000 евра. - Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос (купонска), во нематеријализиран облик, неконвертибилна, гласи на име и е неограничено пренослива, појаснува КХВ.

Емисијата на обврзници на „Капитал банка" се врши заради зголемување на капиталот и сопствените средства на друштвото, подобрување на профитабилноста, проширување на портфолиото на услуги кои се нудат, како и за инвестиции во ИТ решенија за изградба на дигитални платформи за онлајн услуги на банката.

Купувачи на обврзниците од првата емисија се Алфа банка ЕАД од Софија која ќе откупи 90 проценти од понудените обврзници, како и инвестициските фондови КБ Публикум-балансиран и КБ Публикум- обврзници од Скопје со по пет проценти.

Поврзани

Најнови вести

Коментари