Инвеститор за „Фени“ ќе се бара преку стечајната постапка

По периодот во кој беше побарано од потенцијалните инвеститори за „Фени Индустри“ да достават свои понуди во вид на Меморандум, Банките доверители разговараат со потенцијални инвеститори, а со еден од нив бил потпишан и Меморандум за разбирање.

Банките информираат дека финалната одлука за тоа кој ќе биде идниот сосптвеник на ФЕНИ ќе се носи во рамките на стечајната постапка, согласно законските одредби.

„Обезбедените кредитори и останатите доверители, заеднички треба да проценат кој план за реорганизација е најдобар за нив и за иднината на комбинатот. Нагласуваме дека интенцијата на потпишување на Меморандум со заинтересираните инвеститори не е замена за официјалната стечајна постапка, туку само легитимирање на сериозноста на потенцијалните инвеститори“, стои во соопштението испратено од банките.

Денеска на вработените „Фени“ им беше исплатена платата за месец ноември, со што им остана неподмирена уште една плата, којашто е влезена во стечајна маса.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари