Сè е залудно

Инфлацијата во Венецуела скокна на 2.880 насто

Минималната плата во Венецуела продолжува вртоглаво да расте во време кога земјата се соочува со хиперинфлација.

Претседателот Николас Мадуро ја подигна минималната заработувачка за уште 50 отсто, што е петти раст за една година. Тоа звучи како големо зголемување, но износот избледува ако се земат во предвид вртоглавите поскапувања поради кои храната е прескапа за многумина во Венецуела.

Се очекува инфлацијата оваа година да порасне до 1.600 отсто, а следната година да достигне неверојатни 2.880 проценти, прогнозира Меѓународниот монетарен фонд.

Поврзани

Најнови вести

Коментари