Пишува „Вечерњи Лист"

И САД покрена кривична пријава против сопственикот на „Агрокор", Ивица Тодориќ

Во Судот во Њујорк пристигна тужба против „Агрокор", која ја поднел еден од американските фондови, кој учествувал во кредитирањето на концернот во време на Ивица Тодориќ.

Откако руската „Сбербанка" поднесе кривична пријава против сопственикот на „Агрокор", Ивица Тодориќ, тужба против него сега е покрената и во САД, пишува „Вечерњи Лист".

Во Судот во Њујорк пристигна тужба против „Агрокор", која ја поднел еден од американските фондови, кој учествувал во кредитирањето на концернот во време на Ивица Тодориќ.

- Документацијата е предадена, а „Агрокор" се тужи поради лажно прикривање на состојбата. Тужбата е покрената против „Агрокор", а бидејќи негов сопственик и натаму е Тодориќ, за тоа што се товари „Агрокор" ќе одговара Тодориќ, изјави правен експерт за „Вечерњи Лист".

Поврзани

Најнови вести

Коментари