И годинава ќе мора да се поднесе годишна даночна пријава

И покрај најавите, и за оваа 2017 година останува обврската на граѓаните да поднесат лична годишна даночна пријава на обрзец до шалтерите на Управата за јавни приходиа, од 2019 година, УЈП по електронски пат ќе прави увид во приходите на граѓаните.

Од јануари 2019 година Управата ќе воведе систем со кој даночната пријава ќе се поднесува по електронски пат. Со овие измени Управата за јавни приходи ќе ги добива податоците по електронски пат за секој граѓанин поединечно и наместо нив ќе ја изготвува електронската даночна пријава.

Граѓаните ќе имаат обврска само со помош на компјутер да ја отворат пополнетата пријава, да ја прегледаат и да ја одобрат или корегираат. На тој начин, велат од Управата, со еден клик се завршува целата работа.

За да се воведе електронската даночна пријава, потребни се прво измени во Законот за персонален доход, кој наскоро треба да влезе во собраниска процедура.

Електронската даночна пријава од јанаури следната година ќе се воведе само за правните лица. Фирмите ќе имаат обврска да поднесуваат електронски пресметки во УЈП.

Поврзани

Најнови вести

Коментари