Грција го продава уделот во ОТЕ

Грчката државна приватизациона агенција соопшти дека објавила тендер за продажба на пет проценти удел во компанијата ОТЕ телеком.

Рокот за поднесување на понуди е до 15-ти март.

Грција, според своите договори за меѓународна помош, се обврза да продаде делови од државните компании и недвижнини.

Грција го загуби правото на пристап до меѓународниот пазар за обврзници во 2010 година и од тогаш зависи од кредитите на своите партнери во Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Во замена за таа помош, грчката влада беше принудена да примени строго штедење во потрошувачката, да ги зголеми даноците и да спроведе економски реформи и приватизација.

Сегашната, трета по ред програма истекува ова лето, после која земјата ќе може независно да се финансира со издавањето на обврзници.

Поврзани

Најнови вести

Коментари