Повторни проценки

Воздржаноста на ММФ ги забави преговорите со кредиторите

Повторното разгледување на проценките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Грција докажува дека воздржаноста на Фондот, што доведе до сериозни забавувања во преговорите со кредиторите, беше неоправдана, изјави денеска портпаролот на грчката Влада, Димитрис Џанакопулос

Преразгледувањето на проценките на ММФ после првиот грчки суфицит во 2016 година докажува дека воздржаноста на Фондот, што доведе до сериозни забавувања како по првата оценка (по изполнувањето од страна на Атина на спогодбата со кредиторите), така и по втората оценка, беше неоправдана, забележа Џанакопулос.

Во текот на есента ММФ прогнозираше првичен суфицит во износ од 0,1 процент од БДП до крајот на 2016 година, а сега Фондот очекува суфуцит од 3,3 отсто од БДП, додаде тој.

Владата во следните денови ќе продолжи интензивно да работи за да ја исполни сеопфатната спогодба за завршување на втората проценка, посочи Џанакопулос.

Поврзани

Најнови вести

Коментари